Планинарски патеки во Националниот парк Пелистер

Село Маловишта – Св. Спас
Опис на патеката: должината на патеката е  3,5 км., а просечно време на минување е 2ч.
Тежина: Средно тешка патека.
Стартно место/надморска  висина: село Маловишта на 1.140 мнв.,
Крајна точка: Св. Спас: 1.886 мнв.
Вкупна денивелација: 746 мнв


Село Маловишта – Врв Пелистер – патека по Маловишка Река (Шемница)
Опис на патеката: должината на патеката е 14 км., а просечното време на минување: 5-6 ч.
Тежина на патеката: Средно тешка патека.
Стартно место/надморска  висина: с.Маловишта на 1.140 мнв.
Крајна точка: Врвот Пелистер: 2.601 мнв.
Вкупна денивелација: 1.461 мнв.


Големо Езеро – Мало Езеро – Врв Пелистер
Опис на патеката: Патеката долга е 6,5 километри и временски трае 2 – 2,30 часа
Тежина на патеката: Лесна патека
Стартно место/надморска висина: Големо Езеро на 2.218 мнв.,
Крајна точка: Врв Пелистер 2.601 мнв.
Вкупна денивелација: 383 мнв.


Село Брајчино – Големо Езеро
Тежина: Средно тешка.
Стартно место/надморска  висина: Брајчино на 1.000 мнв.,
Крајна точка: Големо Езеро на 2.218 мнв.
Вкупна денивелација: 1.218 мнв.


Нижеполе – Големо езеро  
1. Патека по Дебел рид
Опис на патеката: Патеката долга е 6 километри и временски трае 3 – 3,30 часа
Тежина: Средно тешка.
Стартно место/надморска  висина: Село Нижеполе на 1.170 мнв.
Крајна точка: Големо Езеро 2.218 мнв.  
Вкупна денивелација: 1.048 мнв.
2. Ски центар село Ниже поле – Големо Езеро (Патека по Река Сапунчица)
Опис на патеката: Патеката долга е 9 километри и временски трае 4 часа.
Тежина на патеката: Средно тешка.
Стартно место/надморска  висина: Ски центар Нижеполе – на 1.360 мнв.
Крајна точка: Големо Езеро 2.218 мнв.
Вкупна денивелација: 858 мнв.


Инфоцентар – Големо Езеро 
1.Инфоцентар – Мало Езеро – Врв Пелистер (Патека по Широка) 
Опис на патеката: Патеката долга е 13 километри и временски трае 4,30 – 5 часа.
Тежина на патеката: Средно тешка патека.
Стартно место/надморска  висина: Инфоцентарот на НП Пелистер на 1.360 мнв.
Крајна точка: 2.601 мнв Врв Пелистер, 
Вкупна денивелација: 1.241 мнв.
2.Инфо центар – Големо Езеро
Должината на патеката Инфоцентар – Големо Езеро е 22 км
Тежина на патеката: Средно тешка патека.
Стартно место/надморска  висина: Инфоцентарот на НП Пелистер на 1.360 мнв.
Крајна точка: 2.218 мнв Врв Пелистер, 
Вкупна денивелација: 858 мнв.


Патека по камењар до Врв Пелистер
Хотел Молика – Видиковец – Камењар – Врв Пелистер (патека по камењар)
Опис на патеката: Патеката долга е 8 километри и временски трае 4,30 – 5 часа
Тежина: Тешка патека.
Стартно место/надморска  висина: Хотел Молика на 1.420 мнв.,
Крајна точка: Врв Пелистер 2.601 мнв.
Вкупна денивелација:1.181 мнв.


Патека Магарево – Јоргов Камен – Црвени Стени
Опис на патеката: Патеката долга е 6,5 километри и временски трае 2,30 – 3 часа.
Тежина: Лесна до средно тешка.
Стартно место/надморска  висина: село Магарево, на 1.057 мнв.
Крајна точка: 1.800 мнв, Црвени Стени, 
Вкупна денивелација: 740 мнв.


Патека Хотел Молика – Копанки – Јоргов Камен – Црвени Стени
1.Делот од патеката – Хотел Молика – Копанки  е долг 1,2 километри
Тежина на овој дел од патеката: Лесна патека
Стартно место/надморска  висина: Хотел Молика на 1.420мнв.
Крајна точка е  Копанки: 1.630 мнв.
Вкупна денивелација: 210 мнв.
Просечно време на минување: 25 мин.
2.Делот од Патека – Копанки – Јоргов Камен – Црвени Стени  е долг  4,3 кm и временски трае 1,30ч
Тежина на овој дел од патеката: Лесна патека
Стартно место/надморска  висина: Копанки на 1.6300 мнв.,
Крајна точка: Црвени стени 1.800 мнв., 
Вкупна денивелација: 380 мнв.


Патека преку „Болници“ до Врв Пелистер
Инфо центар – хотел Молика – Камењар („Болници“) – Врв Пелистер 
Опис на патеката:  Патеката долга е 11 километри и временски трае 4,30- 5 часа.
Тежина: Средно тешка патека.
Крајна точка: 2.601 мнв Врв Пелистер,
Вкупна денивелација:1.241 мнв.


Повеќе информации за убавините на Националниот парк Пелистер и неговите планинарски патеки прочтајте на следниов линк  https://park-pelister.com/activitiy_category/hiking_trials/