Куќата на Богородица во Ефес - Малечка камена куќичка опкружена со дрвореди во подножјето на Булбул планина близу Ефес, е местото каде секогаш има врвулица посетители. Тоа е куќата на Пресвета Богородица, каде се верува дека живеела после смртта на Исус.
Иако секогаш има многу луѓе, на ова место секогаш е тивко, а статуата на Богородица со раширени раце ги пречекува сите. Јован ја повел Богородица со себе во Ефес, веројатно некаде помеѓу 37 и 48 година, каде продолжил да го шири христијанството. Според верувањата, последните години од животот ги поминала во скромна камена куќарка во Ефес, денешна Анадолија, Турција.