Моравски Топлици – Словенија

Моравске Топлице е населба во источна Словенија во близина со границата на Унгарија,каде што од аеродромот  Мурска Сабота е одалечен 15 минути.
Велат дека Моравските Топлици е местото на виното и штрковите. 
Околните лозја ве покануваат на прошетка покрај винските патишта, каде што ке имате шанса да ги вкусите локалните вина. Моравските Топлици исто така се познати и по своите термални извори и своите терапевтски својства, што го прават туризмот многу значаен.
Слободното време се користи со возење на велосипед каде што се чуствува чистиот воздух на сосема поинаков начин.  Гостопримливите локални жители со задоволство ќе поразговараат со вас за самото место, за традициите, за водениците кај  реката Мура, каде што ќе може да се купи мелено брашно на традиционален начин. 
Доколку сакате чист воздух и пријатен релаксирачки одмор Моравски Топлици е идеалната дестинација за вас.