-
06.10.2021
-
Европа, Туристички места, 18-29
Со пристигнувањето на зимата, значи дека прекрасните градски плоштади во Виена ќе станат уште по магични со доаѓањето на божиќните пазари! Без разлика дали барате инспирација за подароци, сакате да одите на уметничко лизгање, планирате да се занесете со некое glühwein (греано вино) и да се загреете во комбинација со колбасици, печени костени и компири или едноставно сакате да ги видите убавите светилки кој ве водат до Божиќ, секако ќе бидете презадоволини на сите божиќни пазари што се случуваат во Виена.
Vienna Christmas World at the Christmas Market
Најголемиот и најсветлиот пазар за Божиќ несомнено е Vienna Christmas World (Виена Божиќен Свет) кој се наоѓа на плоштадот на Градското собрание. Со над 100 штандови, кадешто ќе можете да разгледате голем изборот на божиќни подароци, украси, занаетчиски ракотворби, вкусни закуски и зимски затоплувачки пијалаци додека уживате во фестивалската атмосвера со украсени божиќни дрвја. И тоа не е сè! За прв пат во паркот ќе има поставено две огромни лизгалишта на мраз, каде што можете да ги покажете своите вештини во лигање на мраз.
Winter Market – Riesenradplatz
Ако планирате да ги посетувате божиќните пазари со децата, мора да го посетите зимскиот пазар на Riesenradplatz. Со голем број карневали, музички дела и комедии кој се случуваат низ целиот месец, овој забавен зимски пазар е совршен Божиќ за целото семејство.
Old Viennese Christmas Market
Се наоѓа во центарот на градот, стариот виенски божиќен пазар е посветен на традицијата. Овој божиќен пазар е чекор назад во времето со ракотворби, традиционални манир, како и керамички украси на понудата. Поминете во доцно попладне за да уживате во некоја традиционална музичка изведба.
Christmas Village: Maria-Theresien-Platz
Се наоѓа веднаш до музејот Kunsthistorisches Museum и Naturhistorisches Museum , Божиќното село е помало од виенскиот Божикен свет, но сепак има импресивни 70 штандови исполнети со подароци и деликатеси, додека во живо евангелски(Gospel) хорови го исполнуваат вечерниот воздух со божиќен дух.
Schönbrunn Palace Market
Еден од најромантичните пазари во градот е божиќниот пазар пред палатата Шенбрун кој е мешавина на традиционалналност и современост со неверојатно империјално опкружување. Одберете си ги украсите за куќата и исполнете се топло нејасно чувство одвнатре кога ќе слушнете во живо Божиќен концерт. Ако го посетите овој пазар со вашите деца, бидете сигурни дека не сте погрешиле во изборот на овој пазар, бидејќи на божиќните работилници ќе се ангажираат како малите џуџиња на Дедо Мраз!
Belvedere Palace
Божиќното село во палатата Белведере е потивко во споредба со другите божиќни пазари во Виена. Поставено во градината на палатата, можете да одвоите време и да се шетате низ селото додека купувате некои божиќни подароци или дегустирате традиционални колбасици, греано вино и божиќни колачиња.
Christmas Market on Spittelberg
Ако сте во потрага за вкусни Божиќни подароци, тогаш ова е пазар за посета. Со широк спектар на кулинарски кабини, овие занаетчиски производители сигурно ќе го направат вашиот Божиќ екстра вкусен! Плус, ќе бидете во можност да земате ексклузивен божиќен штембил на Spittelberg во нивната специјално поставена божиќна пошта.