Виена - 11 интересни факти за градот

ГЛАВЕН ГРАД НА ВИНОТО
Виена е единствениот главен град во светот кој произведува значителни количества вино во границите на градот. Овој град е дом на над 1.700 хектари лозови насади и 320 винари, виенчаните го сакаат своето вино.  Најпопуларните се сорти на бело вино, како што се Grüner Veltliner, Rheinriesling и Weißburgunder, исто така можете да најдете некои убави црвени.
   
Најдобар начин да уживате во локалното виенско вино е во heuriger (винска таверна), или со одење по Винска виновата патека.

ГРАД НА МУЗИКАТА
Виена често се нарекува "Град на музиката" или "Главен град на музиката", бидејќи повеќе познати композитори живееле овде во споредба со било кој друг град во светот од кој  четворица  од првите 10 класични композитори во историјата работеле во Виена помеѓу 1750 и 1825 година. Волфганг Амадеус Моцарт, Лудвиг ван Бетовен, Џозеф Хајдн, Франц Шуберт, Јохан Штраус и Јоханес Брамс се само неколку  од многуте кои ја нарекувале Виена дом.
   
Додека сте во Виена, можете да ги посетите поранешните апартмани на многу од овие познати музичари, кои денес се претворени во музеи. Исто така не  пропуштајте да ја посетите  "Куќата на музиката" каде ќе можете да го "откриете фасцинантен свет на звук и виенска музика на интерактивен, игрив начин".

ГРАД НА СОНИШТАТА
Виена е исто така наречен град на соништата. Сигмунд Фројд, таткото на психоанализа, живеел и работел во Виена за време на поголемиот дел од својата кариера. За тоа време, тој имал значително влијание врз градот, со тоа градот станува  познато како град од кој потекнува на психотерапијата.
Музејот на Сигмунд Фројд е сместен во станот каде што живеел и работел речиси 50 години, додека тој не бил принуден да ја напушти Австрија по Аншлусот.

ЗОЛОШКАТА ВО ВИЕНА ( поранешна менажерија на Империјата )
Зоолошката градина во Виена или Tiergarten Schönbrunn, е најстарата и единствена барокна зоолошка во светот. Изградена во градините на палатата Шенбрун во 1752 година, зоолошката градина некогаш била приватна менажерија на Царот Франц Стефан и Царица Марија Тереза.
 
Tiergarten Schönbrunn сега може да се пофали со над 700 различни животински видови и беше прогласен за најдобар зоолошка градина во Европа. Плус, со својата оригинална барокна архитектура, исто така, се смета за најубавиот зоолошка градина во светот.

АВСТРИСКИ КРОАСАНИ
Познатото  француско пециво всушност има виенско потекло. Тие се базираат на австрискиот кифли (kipferl) што значи полумесечина на германски јазик. Пекарите во Виена направија kipferl да ја одбележат победата на Австрија над отоманските Турци во 1683 година, нивната форма врз основа на полумесечиите видени на униформата на непријателот.
   
Во 1770 година, кога Марија Антоанета од Австрија се омажила со кралот Луј XVI од Франција, таа ги вовела својата омилена пецива во Франција. Французите направиле неколку промени и ги нареле кроасан.

ВИЕНСКОТО ТРКАЛО 
Виенското тркало (Wiener Riesenrad) е  изградено во 1897 година и е најстарото сеуште во функција  тркало во светот. Се наоѓа во забавниот парк Wurstelprater и  е една од најпопуларните туристички атракции во Виена. За многумина тоа е симбол на градот. Можеби е најпозната по својата улога во филмот Третиот човек од 1949 година, кој се смета за еден од најголемите филмови на сите времиња.

ПЕЗ БОМБОНИ
Пез, забавните мали таблети, кои сите ги знаеме и сакаме, биле измислени во Виена во 1927 година. Името Пез е кратенка за германскиот збор "pfefferminz", што значи мента. Бидејќи оригиналните ПЕЗ бонбони доаѓаат само во еден вкус! Диспенсерот бил измислен во 1949 година, дизајниран да изгледа на запалка. Пушењето било забрането во тоа време, па главното мото на Пез било “No Smoking – PEZing Allowed.” 
 
СТАКЛЕНА КУГЛА
Стаклената кугла со снежниот свет била измислен и во Виена. Во 1900 година, Erwin Perzy, , механичар на фини инструменти, се обидуваше да ја подобри светлината на ламбичките за хируршка ламба. Но, наместо тоа, тој случајно измислил снежен глобус. Овој прв снежен свет се состоел од Базиликата во  Марицел (The Basilica of Mariazell) и повд на Perzy  и  неговиот брат да ја отвори првата  продавница  "Original Vienna Snow Globe shop. ".
 
Повеќе од 100 години подоцна, во оваа продавница сеуште прават традиционални снежни глобуси, рачно изработени.

ЗАХЕР ТОРТА
Захер тоортата се смета за еден од најпознатите кулинарски рспецијалети во Виена, а оригиналниот рецепт се чува како тајна. Легендарната Захер торта датира од 1832 година, кога младит готвач Франц Захер во Виена по наредба на канцеларот Матерних, морал да припреми некој посебен десерт за средбата со сите европски дипломати. Познатата и оригиналната захер торта може да ја пробате во хотелот „Захер“ во центарот на Виена.

ПОДЕЛЕН ГРАД
Исто како и Берлин, Виена, беше поделена на четири дела по Втората светска војна,   Соединетите Американски Држави, Франција, Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз. Првата област на Виена, внатрешниот град, била управуван од сите 4 сили. Окупацијата и поделбата на Виена завршија во 1955 со австриската државна спогодба.

 ВИЕНА - НАЈДОБАР ГРАД ВО СВЕТОТ
Виена е прогласена за најпогоден град во светот во последните 7 години по ред. Имајќи ги предвид факторите како што се политичката, социјалната и економската клима, медицинската грижа, образованието, рекреативните можности, условите во животната средина, инфраструктурните услови, Виена постојано излегува на врвот!