Џакарта - главен и најголем град во Индонезија

Џакарта е главен и најголем град во Индонезија. Се наоѓа на северозападниот дел на островот Јава. Се простира на површина од 664 км2  а во него живеат околу 9,5 милјони жители. Со пошироката околина оваа бројка се искачува на 24 милјони жители. Џакарта е значаен политички центар на Индонезија, исто така  е и многу популарна дестинација на туристичката мапа на оваа островска држава.
 
На територијата на Џакарта преовладува тропска монсунска клима, со влажни и суви периоди. Влажната сезона трае од ноември до јуни. Остатокот од годината е под влијание на сува клима. Температурите се генерално пријатни и постојани во текот на целата година.

Џакарта не е само архитектура. Ова е град за вистинско уживање. За шопинг има голем број продавници и трговски центри. Постојат врвни ресторани каде што можете да пробате многу вкусни јадења, домашни и странски. Градот е исполнет со клубови и барови. За убавина и релаксација има центри за масажа и спа центри. За целосно  доживување, можете да посетите  некои од плажите на  Џакарта,  но не треба да се ограничувате само на тие плажи бидејки Индонезија е полна со прекрасни плажи и места за уживање. Џакарта нуди многу повеќе. Градот е исполнет со богато културно и историско наследство и е во совршена симбиоза со современиот начин на живот. Ова е град на забава и возбудливи доживувања, со гостопримлви, насмеани и пријателски настроени луѓе. Џакарта, заедно со островот Индонезија,  е прав рај  и одлична дестинација за незаборавно патување.

Места кои ви препорачуваме да ги посетите:

Катедралата се  наоѓа во центарот на Џакарта. Црквата е посветена на Света Богородица и е изградена  во готски стил. 
   
Џамијата Istiqlal (џамија на независноста) е изградена на темелите на холандската тврдина, Идејата за изградба на џамија потекнува од министерот за религија од периодот на Сукарна. Архитект на овој проект бил Фредерик Силабан, а изградбата на џамијата започна во 1961 година и со мал прекин е  завршена во 1978 година, џамијата станала симбол на Индонезија, а исто така е прогласена за најголема џамија во Југоисточна Азија.
   
Стариот град  кој е одличен пример за преплетување на историските настани и мешање на различни цивилизации.

Националниот споменик (Monas) е едно од најинтересните места во градот. Мона со златениот врв кој е осветлен во текот на ноќта стана симбол на  градот Џакарта. Оваа туристичка атракција на градот собира луѓе од сите страни. Често, ова место се користи како центар за одржување на културни настани и фестивали.  Во комплексот на споменикот се наоѓа музеј кој има разновидно културно и уметничко наследство од цела Индонезија. Многу од археолошките наоди се наоѓаат во Монас. Ова е одлично место на запознавање на многу долгата и богата историја и културно наследство на Индонезија. Дефинитивно вреди да се посети.
 
Taman Mini "Indonesia Indah" (мнинјатурен парк на Индонезија), кој го претставува богатството на оваа земја . Оваа туристичка атракција го  прикажува шармот  и културната  разновидност на племиња кои живееле на островите на Индонезија. Овде, посетителите можат да видат различни видови куќи, облека, храмови во племенски стил, уметнички и танцувачки претстави од сите 33 провинции. Исто така во склоп на овој парк има и голем број музеи, како што се градежниот музеј, музејот на птици, музејот на ептили и занаетчискиот музеј. Ова е место за вистинско уживање и учење за минатото на Индонезија.
 
Ragunan Zoo е најстарата золошка градина во Индонезија. Основана  е во 1864 година под името „ Planten En Dierentuin “, што значи "Растенија и зоолошки градини". Градската администрација на Џакарта донирала 30 хектари простор што стана дом на оваа градина. Во зоолошката градина има околу 295 различни  видови и околу 4040 единки. Ова е одлично место за пријатен ден и уживање.