-
05.10.2021
-
Грција, Летен одмор, Атракции
Помеѓу трите острови што ја опкружуваат Сивота, има бројни заливи со прекрасни плажи, а најпозната од овие плажи е секако Писина (на грчки јазик, Писина значи базен). Главната карактеристика на оваа плажа е кристално чиста вода. До Писина може да се стигне само со брод кој може да се изнајми во пристаништето по цена од околу 50 € за целиот ден. За возење со брод не е потребна возачка дозвола доколку бројот на патници е помал од 5 лица. Друга опција е превоз со бродче ( цена околу 5€ по лице), бродчето кружи преку цел ден околу островите околу Сивота.