Плажите во Аланија

Плажите во Аланија и климата се основа на која се заснова привлечноста и популарноста на овој предел. Плажите се широки и рамни и генерално не се многу камчести. Песокот е малку покрупен, но не и премногу остар за да се повредите. Плажите исто така се многу долги, со што нема многу гужва и не би претставувало проблем да најдете место за себе каде би го поминале денот на плажа.

Покрај тоа, плажите во Аланија се многу чисти, па неколку од нив имаат и Сино знаме, кое го добиваат оние плажи кои имаат одличен квалитет на водата, добро опкружување, безбедност...
Најголемиот дел од плажите се наоѓаат во близина на хотелските комплекси, такашто на туристите при посетата на Аланија се им е во близина.

Плажата Клеопатра во Аланија се смета за една од најубавите плажи на целата територија на Турција. Нејзината должина е околу 3,5 километри и се наоѓа западно од центарот на градот. Карактеристика е ситниот песок, тиркизно зелената боја на бодата, но и големите бранови.
На оваа плажа нема многу камења, но затоа водата е длабока и побрза отколку плажите кои се наоѓаат на источната страна.
Доколку вашиот хотел не се наоѓа во близина на оваа плажа, а сепак одлучите да ја посетите и поминете време на неа, имате можност да изнајмите лежалки и чадори.

Плажата Улас се наоѓа во близина на истоимениот парк, а ова подрачје значително е погодно за пикник во природа, а на сите посетители на располагање се столици, клупи како и места за правење скара. За сите оние кои бараат опуштање и релаксација во мирна и приватна атмосфера, оваа плажа е исклучително погодна. Единствен проблем на оваа плажа е фактот што поради ерозија од морето, плажата поле исчезнува.
Плажата Улас до скоро беше непозната за туристите и ова место претставуваше скриено богатство.
Плажата е погодна за пристаниште на многу туристички бродови, истата е целосно песочна со ситни камчиња, а она што е карактеристично е преубавото тиркизно море.

Плажата Кејкубат е мирна плажа која се наоѓа на источната страна на полуостровот. Плажата е позната по ситниот песок и шеталиштето, како и отворениот фитнес центар, детскиот парк и можноста за бројни спортски активности.
Влезот во морето е главно песочен, а она што е карактеристично е што морето после неколку чекори станува длабоко.
На оваа плажа се наоѓаат лежалки, чадори, киосци за брза храна и клубови за водени спортови.
Кејкубат е плажа која е мирна, а на истата има доста спасувачки единици, такашто сите делови на оваа плажа се означени со Сино знаме, како доказ дека плажата и водата се чисти, уредедени и безбени за посетители.

Плажата Инченкум претставува рај за семејства со мали деца, таа е една од најдобрите плажи кои можете да ги најдете на турското крајбрежје, ако сакате со семејството да поминете мирен и опуштен одмор. Главна карактеристика на оваа плажа се ситниот песок како и прозирно чистата и плитка вода. Оваа плажа нуди многу содржини за најмладите, мирна е и безбедна, без премногу гужва, а се наоќа во близина на едно од најпопуларните туристички места на турското крајбрежје на Средоземното море.
Она што е карактеристилно за сите плажи во ова популарно летно одмаралиште се големиот број на содржини и многуте активности кои се за туристите - едрење, скијање на вода, нуркање... 
Благодарение на кристално чистата и прозирна вода, пливајќи во оваа вода можете да очекувате да видите голдем број на билки и животински свет - корали, сунѓери, морски ѕвезди и различни риби....
Уште една атрактивност со која би се определиле за Аланија како место во кое би го поминале одморот е одлично опремениот аква парк, кој се наоѓа на 10-на минути од центарот на градот. Големиот комплекс на аква паркот во своите содржини нуди неколку базени, тобогани и многу содржини за најмладите.

Галерија