Фурка е градче поделено на стар и нов дел. Старото традиционално село Фурка е оддалечено околу 2 км од морето, додека веднаш до крајбрежјето е сосема друг свет - поновиот дел од Фурка, т.е. Скала Фурка е исполнета со хотели, апартмани, таверни, барови, кафулиња... Местото е опкружено со борова шума и маслинови градини. Плажата во Фурка е мала со бел песок што ве води до бескрајната вода. Водените спортови, од чамци за педали до глисери, ќе го импресираат вашиот одмор.
За сместување ви препорачуваме:
VILLA FLEGOS
Опис Villa Flegos е голем комплекс во форма на поврзани хациенди, кои во својот состав брои повеќе различки студија и апартмани. Опкруженоста со зеленило, близината на градскиот плоштад, шеталиштето и плажата, "Флегос" го карактеризира како интересен објект за сите потенцијални гости. Сите студија се комплетно опремени со потребните содржини од мебел, ТВ, клима уред, тоалет, мини-кујна...
МЕСТА ВО БЛИЗИНА НА ФУРКА KOИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА JA ПОСЕТИТЕ
Освен што е супер избор за семеен одмор со мали деца, локацијата е одлична и доколку сакате да прошетате. На западната страна на Касандра може да ги посетите Сивири, Елани и Посиди.
Особено ви го препорачуваме ‘Ртот Посиди, најзападната точка на Касандра. Станува збор за тесен песочен нанос кој навлегува во морето и на крајот се извиткува и се врти наназад. За да уживате максимално во ова искуство потребен ви е ваш чадор, храна и вода. Сместете се токму на крајот од песокот и ќе добиете две плажи и неверојатна глетка.
* Посиди се наоѓа на 15 минути возење, а Сивири и Елани се уште поблиску. На источниот брег, пак, на 13 минути возење е Калитеа, на 22 минути - Афитос и на 24 минути - Полихроно.