Калитеа - најпосетеното летно одморалиште на Касандра

Калитеа е град и многу посетено летно одморалиште на Касандра, кое се наоѓа на рид над морето. Боровата шума граничи со долгиот песочен брег на Калитеа, до кој се наоѓаат луксузни хотели и апартмани. Плажата е долга, со убав бел песок и плитко море. Во самото место има голем број на таверни, барови, продавници за сувенири... На неколку километри од центарот, има неколку познати дискотеки и ноќни клубови. Затоа не е изненадувачки што Калитеа е многу посетена од младите.

За сместување ви препорачуваме:
VILLA EFI
Вила Ефи е лоцирана на 100м. од центарот на Калитеа, во близина на црквата. Вилата е оддалечена на
450 метри од плажа, истата е опремена со четирикреветни апартмани опремени со 2 кревети во дневната соба и 2 кревети во спалната соба. Сите апартмани се опремени со сопствена кујна, тоалет, ТВ и клима. Вилата има Wi-FI интернет.

Плажа Калитеа
Во последно време, Калитеа е омилено летно одморалиште на младите, пред се поради комбинацијата на убава плажа и море како и диско клубовите кои се наоѓаат во близина. Плажата е испрскана со бел песок,  а морето е тиркизно, целокупниот впечаток е како да сте во некоја егзотична дестинација.
Она што е важно да се напомене ако не доаѓате со автомобил е дека патот до плажата води преку голем број скали.

 

Галерија