Белек - еден од центрите на турскиот туризам

Белек е мало туристичко место на медитеранскиот брег во провинцијата Анталија во Турција. Белек се смета за еден од центрите на турскиот туризам. Многуте плажи на кои се испослани хотели со четири и пет ѕвезди како и минералните води кои го опкружуваат Белек, го прават да биде секогаш примамлива дестинација за туристи.

Специфични за Белек се неколку работи. Белек е примамлив по своите голф клубови и римски ископини. Дали сакаш да уживаш во далечната историја или во современиот спорт, Белек ги нуди и двете опции.
Белек се наоѓа на 36 км од центарот на Анталија. Распространети по брегот се многубројните вили, каде нивото на безбедност е големо. Самиот регион е погоден за одржување настани од светски ранг како Г-20 и пречекување на дипломати. Климата во Белек е медитеранска, особено летните месеци каде температурата е топла и пријатна.

Белек е погоден и за најмладите. Во неговата околина се наоѓаат неколку водени паркови, а најмногу привлекува Делфинариумот каде најмалите можат да си поиграат со делфините и да ги видат како функционираат заедно со луѓето.
Природата околу Анталија е погодна за многу екскурзии и авантури. Во пакет со Анталија не се добива само море, сонце и плажа, туку се добива и рафтинг, сафари и офф-роуд.

Белек нуди комплетно уживање за оние кои дошле во одморот да вкусат сè и да не останат никако незадоволени на крајот од летувањето. Белек е место кое нуди секаков вид на забава, авантура и одмор, од тебе зависи дали ќе го искористиш целиот пакет!

Галерија