Атина - престолнина на античката и модерната Грција

Само 400 километри јужно од популарните грчки летувалишта се наоѓа главниот град на Грција, но и колевката на западната цивилизација – Атина.
Атина е престолнина на античката и модерната Грција, совршен избор за празнично патување и дефинитивно во неа има што да се посети и види.

Во Атина има највеќе сончеви зимски денови во однос на другите европски престолнини со просечна температура од 13˚ C. Тоа ја прави одличен избор за празнична дестинација за сите оние коие сакаат да „побегнат„ од зимата. Градините, таверните и кафетериите се отворени и во овој период од годината за уживање во боите, мирисите и вкусовите на медитеранската кујна. 
 
Празничната атмосфера пред Божиќ и Нова година, на улиците во Атина почнува многу порано и се одбележува во секој дел на градот. Насекаде може да видите по некој фестивал, новогодишен маркет, концерт, празнични украси на куќите и трговските центри.

Се вели дека постојат две Атини- една модерна и една која се наоѓа под неа. Градот го добил името по преубавата божица на мудроста, која со векови била негова заштитничка. Легендата вели дека таа и Посејдон се натпреварувале кој да го штити градот, а Зевс одлучил дека ќе биде оној кој ќе подари поубав поклон. Посејдон со својот меч удрил во камен и протекла вода, која на разочарување на луѓето била солена, а Атина со својот стап тропнала по земјата и израснало маслиново дрво. Луѓето одлучиле дека маслиновото дрво е повреден подарок и од тогаш градот го нарекле Атина, а маслиновите гранчиња се симбол на мирот.

Во Атина има илјадници знаменитости кои се вредни за вашето внимание. Во нашата Новогодишна понуда се вклучени најважните и најубавите обележја на овој прекрасен град. 
Центарот на Атина и плоштадите Омонија и Синтагма се одличен почеток на вашата прошетка низ Атина. Еден од најпознатите и најубавите музеи во Европа се наоѓа токму во Атина. Акрополскиот музеј се наоѓа во  подножејето на Акропол во областа Макријани, а вистинскиот дух на античка Грција ќе го осетите движејќи се по неговите провидни подови под кои се наоѓа археолошко наоѓалиште со екпонати кои потекнуваат уште од 7. век п.н.е. Од таму ќе имате совршен поглед на Акропол, на кој ако се искачите ќе го најдете Партенонот, храм посветен на божицата Атина. 

Спуштајќи кон Плака, познатата атинска населба, ќе уживате во модерниот дел на Атина. Многубројните таверни со традиционална грчка храна се наоѓаат токму таму, а воедно е и совршено место за купување Новогодишни подароци бидејќи тука е познатата шопинг улица Ерма.

Совршен начин да заокружите еден ден во Атина е да го посетите Хеленскиот парламент каде на секој час се менуваат познатите елитни единици на Грчката војска наречени Евзони кои облечени во традиционална облека го чуваат „Гробот на напознатиот војник„.

Доколку се решите да го посетите најголемиот Грчки остов Пелопонез ќе уживате во неговата природа и богата историја кои несебично нудат незаменливо искуство, долго истражување и запознавање.

Вашиот престој во Атина нема да биде целосен без посетата на познатиот Олимсписки стадион Панатанаико, кој се наоѓа во строгиот центар на Атина. Во него се одржани првите модерни Олимсиски игри во 1896 година, а денес е центар на безброј случувања и манифестации бидејќи има капацитет од дури 45.000 луѓе.

Доживејте ја магијата на Атина оваа Нова година и уживајте во прекрасен дочек на новата година на еден од атинските плоштади или седнете во една од традиционалните грчки таверни и наздравете во име на новите почетоци.  

Галерија