Кушадаси, Турција

Кушадаси – “остров на птиците“, името го добива по островот кој е во негова близина, а е поврзан со копното преку насипи. Камената тврдина која потекнува од 15в. и стои на средина на островот е заштитен знак на градот. Од полуостровот се гледа кон соседна Грција и островот Самос.
Некогашното мало рибарско место - Кушадаси, денеска претставува бисер на ориентот и е еден од најпознатите туристички центри на Егејско Море. Големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот, гостопримливоста на локалните жители, благата медитеранска клима, неговите плажи (Long Beach, Ladies Beach и градската плажа) го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето и го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор.