Бали, популарна дестинација во Индонезија

 

БАЛИ е индонезиски остров и се наоѓа меѓу Јава на запад и Ломбок на исток. Ова е една од 33 покраини со главен град Денпасар на југот од островот. Бали воедно е најмалата покраина во Индонезија. Овој остров се протега на површина од 5. 780 06 км2, со околу 5,6 милјони жители. Бали е населен уште од пред 2000 г. пне. Денес  поголем број од популацијата на Бали се индонезиски хиндуси кој се малцинство во Индонезија. Бали е голем извозник, на ориз, кафе, памук и тутун и е многу позната туристичка дестинација. На територијата на Бали преовладува тропска клима. Просечната годишна температура изнесува 31 °C . Од Октомври до Април трае влажната сезона, а од Декември до Март можно е да има монсунски дождови, сувата сезона трае од Мај до Септември. Просечната температура на водата е околу 28 °C. Последните децении Бали стана една од најголемите и најпознати туристички дестинации во овој дел од светот. Секој година островот го посетуваа неколку милјони туристи од целиот свет.Бали има многу да понуди. Островот е исполнет со голем број културни и историски споменици и други знаменитости. Ова е место на голема забава. Бали има голем број на егзотични плажи кои несомнено ќе ги задоволат различните потреби на туристите (нуркање, сурфање, пливање, уживање на бел песок... ) Плажите се полни со млади луѓе од целиот свет што значи забавата нема да ви недостасува. Бали содржи автентичност која го разликува од остатокот од Индонезија и преставува прекрасна дестинација за незаборавно уживање и одмор.

Наша препорака:
Убуд е град на Бали, сместен меѓу оризови полиња и стрмни клисури во централното подножје на реката Џијан. Познат е како центар за уметност и културен развој.  Убуд има население од 30.000 жители. Целиот град е  опкружен со мали фарми, оризови полиња и густа шума. Препорачуваме да го посетите музејот во Убуд  кој е центар на балиското сликарство. Во збирката на овој музеј има модерн дела на балиските сликари кои датираат од почетокот на овој век.

Кута е најпознато туристичко место на островот Бали со одлични плажа за сурфање,  што го прави многу популарно за млади и покрај тоа што не е многу погодно за пливање поради морските струи. Кута е познат по неверојатните зајдисонца Ова туристичко место е исполнето со ресторани, продавници, дискотеки ноќни клубови и други угостителски објекти.

Нуса Дуа е област во јужниот дел на Бали,  позната  по своите чисти плажи со бел песок, кристална вода и луксузни хотели. Ова туристичко место  се наоѓа 22 километри од Денпасар, главниот град на провинцијата. 

Tanah Lot е еден од најважните храмови во Бали. Изграден е на врвот на oгромна карпа опкружена со море. Овој храм бил изграден од еден од последните свештеници кои пристигнале на Бали во 16 век.  Во основата на карпестиот остров се верува дека има отровни морски змии кои го чуваат храмот од зли духови и натрапници. Храмот, наводно, бил заштитен од џиновска змија, која била создадена од серандангот (вид на појас) на Нирарта кога го основал островот.

Gianyar некогаш бил главен град, а денес е центар на текстилна индустрија. Доколку го посетите овој град ќе имате можност да видите традиционални начини на изработка на ткаенината и да поестите некоја од нивните фабрики.

Pura Besakih познат како "Храмот на мајката", е најголемиот и најсвет храм од сите храмови на Бали. Се наоѓа на падините на планината Агунг, а до него може да се стигне преку скали којшто се стари повеќе од 1000 години. Трите главни храмови се посветени на Тројствоти Шива, Брахма и Вишну а околу нив има 18 одвоени храмови, кои припаѓаат на различни групи и касти. За локалното население посетата на овој храм се смета за Аџилак.

Pura Kehen е срцето на бројните храмови на Бали и е еден од најубавите храмови во источниот дел на Бали. Овј храм преставува минијатурна верзија на Pura Besakih, а неговото потекло може да се проследи од почетокот на 11 век. Во дворот има големо дрво Banyan.

Gunung Batur е вулкан кој е сеуште активен. Се наоѓа на надморска височина од 1717 метри, а локалното население го почитува како втора најсвета планина на островот, веднаш зад Гунунг Агунг. Оваа планина го симболизира човекот наспроти Агунг, кој ја симбилизира  жената.

Галерија

Поврзани блог статии