-
20.05.2015
-
Дестинации, Африка, Популарни дестинации, Егзотични патувања
Сејшелите преставува архипелаг од 115 гранитни и корални острови со ленгендарна убавина на западната обала на Африканскиот континент во западниот Индиски океан, на 1500 километри оддалеченост од копното на Африка, или поточно североисточно од Мадагаскар.
Овој прекрасен рај Ви нуди преубави плажи, тиркизно плаво море и пријатно топло време. Поради тоа не е ни чудно што Сејшелите многумина го сметаат за најубав архипелаг во светот. Неколку стотици плажи се протегаат на островите Мае, Прале и Ла Диг кои се едни од најубавите во светот. Сејшелските острови уживаат во тропска клима во текот на целата година и воглавно нема екстремни временски промени. Во овој пријатен тропски рај, температурите ретко се симнуваат под 24 степени ниту се искачуваат над 32 степени.
Одморот во Сејшелите несомнено ќе Ви биде еден од најубавите бидејки со својата природна убавина, безбедност и мир на своите гости им нуди разноврсни можности за уживање во широката понуда за откривање на островите и тропските авантури, едрење, нуркање, риболов, како и романтични прошетки. Сите овие основни состојки во оваа држава се комбинираат со риба од Индискиот окејан и најразлични тропски зеленчуци и овошја.
Доколку одлучите да патувате на Сејшелите, ќе имате прилика да имате незаборавен одмор уживајки во земјата со “вечно сонце” кадешто хармонијата преставува начин на живот.
OПШТИ ИНФОРМАЦИИ:
ВАЛУТА сејшелски рупи, понети долари (не постати од 2003 година)
ЈАЗИК англиски, француски и креолски
ВИЗА за македонски државјани не е потребна
СТРУЈА потребен е адаптер (повеќето хотели го имаат во понуда)
КЛИМА 24-32 стпени во текот на целата година
Мае (француски:Mahé) се наоѓе во североисточниот дел на Сејшелите и е најголем остров во архипелагот со 157,3 км2. Во 2010 г. имал 77.000 жители , што претставува 86% од вкупното население на државата. На него е сместен главниот град на Сејшелите, Викторија. Островот е наречен во чест на францускиот поморски офицер Бертранд-Франсоа Мае де ла Бурдоне (1699 - 1753), управник на Маврициус. Жителите се сместени претежно во северните и источните делови на островот, каде се наоѓа и меѓународниот аеродром. Во јужниот и западниот дел се сместени морските национални паркови „Залив Терне“, „Порт Лоне“ и Универзитетот на Сејшелите.
Праслин, некогашно засолниште на пиратите и арапските трговци e вториот најголем остров на Сејшелите, со популација од околу 7500 жители. Денес овој рајски остров претставува популарна туристичка дестинација. На овој остров се наоѓаат Ансе Лацио и Ансе Жоржет песочни бели плажи со тиркизната боја на океанот, а вбројуваат во најубавите плажи во светот. Воедно на островот има и голема експанзија на тропски шуми, а познат е исто така по уникатниот вид палма Коко де мер и по ванилините орхидеи Островот е богати со разни птици, меѓу кои и ендемскиот сејшелски биљбиљ.
Ла Диг е трет по големина остров на Сејшелите со популација од околу 2800 жители. Исто како и Мае и Праслин има прекрасни плажи со бел песок и богата тропска вегетација. Најпознати плажи на овој остров се Anse Source d'Argent и Grand Anse. На овој остров има значителна популација на гигантски желки кои доаѓаат од островот Алдабра.
Поврзани блог статии