Предјамски град

Предјамски град – Недалеку од Постојнската јама, во идиличното село Предјама, владее над околината. Сликовит, моќен, предизвикувачки, таинствен и неосвоив повеќе од 800 години, стои среде вертикалните ѕидови, високи 123 метри. Неговата романтична привлечност дополнително ја зајакнува реката Локва која длабоко под дворецот тече во подземјето.

Како единствен сочуван јамски дворец во Европа (запишан во Гинисовата книга на рекорди), Предјамски град нуди единствен поглед во градежничките техники и снаодливоста на средновековните луѓе, кои барале и пронашле сигурно засолниште, веднаш покрај влезот во пештерата. За време на опсадата во 15 век. дворецот му понуди засолниште на својот најслевен и најозлогласен сопственик – Еразмо Предјамски. Привлечната и инспиративна легенда за храбриот витез Еразмо, кои останал непобедлив, додека еден од неговите службеници не го издал, се уште живее во народните преданија. Храбиот витез им се спротивставувал на опсадувачите без големи тешкотии повеќе од една година во својот сигурен дворец.

Крастниот свет под дворецот со својот јамски состав е одлична заседа – во него се наоѓа таен ров кој води кон слободата, извор на вода за пиење, додатна скривница и простор за складирање вода – сето она што за време на опсадите се покажало како неопходно, потребно, драгоцено и важно. 
Прошетката низ дворецот нуди поглед во секојдневниот живот во Средниот век. На 5 ката се наоѓа скоро се што на дворецот му треба: терпезарија, витешка соба, соба за војници и слуги и соба за мачење и затвор. Дворецот може да се пофали со прекрасен поглед на долината на реката Локва, додека сплетот на рововите под посетителите води кон подземниот свет. Но, приказот на некогашното користење на одредени соби не е единственто нешто што што дворецот може да им го понуди на посетителите. Прошетката низ дворецот јасно ја открива неговата посебна положба и техника на градење. Целиот заден ѕид е всушност камен на кој дворецот се потпира. Изграден е толку вешто, што е тешко да се воочи каде престанува природниот камел и почнува изградениот ѕид. Таа двојност помеѓу природните и вештачките карактеристики е поеднакво инспиративна како и повеќевековната историја и шармантната и романтична легенда за витезот Еразмо.

Галерија