-
16.10.2023
-
Европа, Туристички места, Атракции
Ова место на посетителите им нуди можности за различни доживувања: од прошетки, капење, различни угостителски услуги, до ноќевања или само прошетки и одмор во недопрената природа. Постојнска јама повеќе од двеста години привлекува мноштво посетители од целиот свет. Досега истражените делови на постојнскиот јамски состав опфаќаат 24 километри, што значи дека Постојнската јама е најголема и најпосетена јама од класичниот карст во Европа. Нејзиниот сликовит и таинствен подземен свет истовремено е единствениот простор за најразнолики пештерски авантури. Во Виварија, во непосредна близина на Постојнската јама, посетителите можат да видат неколку најинтересни пештерски животни, а изложбениот павилјон EXPO е најголема изложба за карстот и Постојнската јама на светот, кој на модерен и атрактивен начин ви го прикажува настанокот на подземните феномени и ја открива историјата на пештерата.
Само десет километри од Постојнската јама се наоѓа Предјамскиот град, еден од најубавите дворци во светот. Повеќе од 800 години гордо стои среде 123 метри високите камени карпи. Под Предјамскиот град се крие Предјамскиот јамски систем кој нуди многу можности за посебни доживувања, вклучувајќи го разгледувањето со помош на соодветна опрема. Во склоп на паркот на Постојнската јама, уредено е паркиралиште за лични возила, мотори и автобуси. За посетителите кои патуваат со камп-возила, е наменето посебно паркиралиште за кампери, каде што исто така можат да преноќат и достапни им се сите потребни приклучоци.
Во паркот се наоѓа и туристички информациски центар, каде што посетителите можат да купат влезници и да позајмат авто водичи на седумнаесет различни јазици. Во непосредна близина на туристичјиот центар, гостите можат да се освежат во ресторанот Бријант, кој вклучува самопослужен ресторан, пицерија, кафана и слаткарница, а достапен е и безжичен пристап на Интернет. Во паркот се наоѓаат и плоштади со карактеристични словенечки сувенири. Покрај влезот во Постојнската јама, се наоѓа Јамскиот дворец, гастрономси и конгресен центар.
Температурата во пештерата е постојана, без оглед на летното и зимското време и се движи од 8 до 10 степени Целзиусови. На гостите им се достапни и бесплатни бањи.