СПЕКТАКУЛАРНОТО СЕЛО ИА НА РАБОТ НА КАЛДЕРАТА НА САНТОРИНИ

Ако првпат го посетувате Санторини, тоа ќе ви го одземе здивот. 
Па дури и ако сте редовен посетител, гледајќп го неговите панорамски пејсажи и варосани куќи сепак ќе го имате истото чувство.  
Санторини редовно се опишува како едно од најубавите места на планетата. Има многу магични моменти на оваа екскурзија. 
Еден од најголемите спектакли  е селото Иа качено на работ на калдерата, останата по вулканска ерупција. 
Санторини е прстен од карпи околу морето, замислете го како работ на стар вулкан. Прво се упатуваме кон Мегалохори, едно од најпознатите автентични и недопрени села на островот, задржувајќи ја својата препознатлива архитектура, карактер и шарм. 
Нашето патување продолжува кон исток низ голем број на традиционални заедници како Фиростефани и Имеровигли додека не пристигнеме во Иа. На нашето патување ја следиме калдерата слична на чипка, каде со малите островчиња Тирасија, Палеа и Неа Камени создава неверојатен, ненадминлив панорамски поглед. Има многу време во Иа за истражување, прошетки по уличките поплочени со мермер, посета на убавите продавнички и меморирање на моментите со камера.
Восхитувајте се на традиционалните градби врежани во карпите и необичните капетански имоти,  како и населбата Аммуди во подножјето на калдера
та.

 

Галерија