АНТИЧКИОТ ЕФЕС НИЗ ВЕКОВИТЕ

Ова е прекрасно патување низ некои од најважните периоди од историјата и се надеваме дека ќе бидете воодушевени од приказните за античките народи и раното христијанство во фасцинантното истражување на Ефес. Овој прекрасен град, на ридовите надвор од Кушадаси е чудесен археолошки локалитет, основан од Грците околу 2000 година п.н.е. Ефес бил еден од најважните градови на регионот посветен на божицата Артемида. Храмот изграден во нејзина чест бил еден од седумте Чуда на античкиот свет. Имал 127 мермерни столбови, секој висок 18 метри и поради тоа градот го носел името „Слуга на божицата“. Еден столб кој стои на локацијата, пронајден е за време на едно ископување во 1870-тите. Ќе можете да ја видите Агората, Одеон, Библиотеката на Целзус, поплочената Главната улица на Куретите, Бањите на Схоластика, Трајановата фонтана, храмот на Адријан и Куќите на Коресус, каде што живееле богатите семејства од Ефес.
Досега се откриени само 13 отсто од античкиот Ефес.Наодите од ископувањата направени досега се сместени во Археолошкиот музеј на Ефес во градот Селџук.

Овој град претставувал живеалиште на неколку христијански светители,  а бил и често престојувалиште на апостолите Павле и Јован. Апостол Павле пратил писмо до христијаните во Ефес (чија црква била создадена во времето на апостолите), коешто е дел од Библијата, од Новиот завет. Христијанската црква во Ефес била една од седумте цркви до кои апостол Јован го испратил Откровението кое го напишал на Патмос некаде околу 90-тите години од н.е. Кон крајот на оваа тура ќе имате време за купување теписи, накит, кожа и други сувенири.

Галерија